Дерковски: Нема повеќе бонуси
Објавено во: Финансии 10 Август, 2018
Во врска со сумата што ќе се потроши на референдумот, Оливер Дерковски, претседателот на новоформираната Државна изборна комисија која треба да го организира спроведувањето на референдумот на 30 сепетември, вели дека Собранието дозволило 3,5 милиони евра, но тие ги рационализирале на 2,9 милиони, кои би сакале да ги намалат и натаму и да ги применуваат транспарентно, за да го обелат образот на ДИК по скандалот со бонусите на претходниот состав.
-И при носењето на финансискиот план, кажавме дека ДИК нема да додели бонуси за оваа или за која било активност до крајот на нашиот мандат. Сите земаме плата којашто ја определи Комисијата за избори и именувања на Собранието и сметам дека тоа се доволни приходи за секој член на ДИК. Платени сме да си ја завршиме работата, нема потреба од други дополнителни приходи, изјави Дерковски во разговор за 1ТВ.
Како што објаснува, преземени се мерки за намалување и на други трошоци, како телефонските сметки.