07 Декември, 2022
0.0376

ДЕСЕТ ДЕЦА И ВКУПНО 18 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ФЕСТИВАЛ ВО ШПАНИЈА, од експеримент до трагедија

Објавено во: Свет 01 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во експлозија на научен фестивал во североисточна Шпанија повредени се најмалку 18 лица, меѓу кои 10 деца на возраст од три до 13 години, јави ДПА. Некои од повредените се во тешка здравствена состојба.

Експлозијата се случи за време на демонстрација во Домот на културата во каталонскиот град Жирона, на околу 100 километри североисточно од Барселона. Фестивалот беше организиран од локалниот универзитет.

За време на експериментот, контејнер со течен азот експлодирал пред публика од 200-300 луѓе, повеќето од нив семејства со деца. Повеќето од повредените настрадале од разнесените делови од експлодираниот метален контејнер. Нема луѓе со изгореници.

Најлоша е состојбата на петгодишно девојче. Заедно со уште четири лица, две деца и двајца возрасни, биле примени во болницата во Жирона.

Случајот го истражува каталонската полиција. Портпаролот на Универзитетот во Жирона изјави дека овој експеримент многупати бил правен без проблеми и сега не е јасно зошто дошло до сериозниот инцидент. 

Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2022 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СУДИЈКА, НАРЕДНИК, ПОЛИЦАЈЦИ, ВОЈНИЦИ МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Екс-пратеничката на АФД поседува огнено оружје

СУДИЈКА, НАРЕДНИК, ПОЛИЦАЈЦИ, ВОЈНИЦИ МЕЃУ УАПСЕНИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Екс-пратеничката на АФД поседува огнено оружје

Хромозомот Y полека изумира, дали човештвото ќе изумре со него?

Хромозомот Y полека изумира, дали човештвото ќе изумре со него?

УАПСЕНИТЕ ИМАЛЕ ВОЕНА ОБУКА, ТОА СЕ ЕКС ГЕРМАНСКИ ВОЈНИЦИ: Нивните планови вклучувале и нарачани убиства во Берлин

УАПСЕНИТЕ ИМАЛЕ ВОЕНА ОБУКА, ТОА СЕ ЕКС ГЕРМАНСКИ ВОЈНИЦИ: Нивните планови вклучувале и нарачани убиства во Берлин

Украина го стега обрачот околу градоначалникот на Одеса кој бара преговори со Русија

Украина го стега обрачот околу градоначалникот на Одеса кој бара преговори со Русија

ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ГЕРМАНИЈА: Во рацијата „Сенка“ паднаа екстремистите кои планираа вооружен упад во Бундестагот

ОБИД ЗА ДРЖАВЕН УДАР ВО ГЕРМАНИЈА: Во рацијата „Сенка“ паднаа екстремистите кои планираа вооружен упад во Бундестагот

БАНДИ КИДНАПИРААТ, СИЛУВААТ, УБИВААТ: Ова се случува во престолнина на една држава

БАНДИ КИДНАПИРААТ, СИЛУВААТ, УБИВААТ: Ова се случува во престолнина на една држава

Нови „крвави пакети“ стигнаа во две украински амбасади

Нови „крвави пакети“ стигнаа во две украински амбасади

Шојгу објави колку украински војници загинале во ноември

Шојгу објави колку украински војници загинале во ноември

(ВИДЕО) По тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши во болница

(ВИДЕО) По тепачка во турскиот парламент, пратеник заврши во болница