28 Март, 2024
0.2230

Десет години ЦЕЕД Македонија - Бизнис клуб на успешни приказни

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Центарот за развој на претприемачи и менаџери (Center for Entrepreneurship and Executive Development - CEED) ЦЕЕД Македонија, десет години игра важна улога во создавањето на успешни бизнис приказни преку вмрежување, know-how бизнис решенија, пристап до финансии и до нови пазари.

ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември 2007 како трет центар во мрежата на ЦЕЕД менаџерски и претприемачки центри основани од страна на американскиот инвестициски фонд СЕАФ кои постојат во Бугарија, Словенија, Романија, Србија, Мароко, Тунис, Танзанија, Ерменија, Албанија, Косово, Молдавија и Босна и Херцеговина.

ЦЕЕД креира заедница на претприемачи и ги поддржува менаџерите и нивните тимови во растот на бизнисите. Нашите главни услуги вклучуваат настани за градење на капацитетите кои се фокусирани на практични знаења надополнети со размена на искуства и менторство од успешни локални и интернационални бизнис лидери, пристап до финансии и силна регионална и меѓународна мрежа. Во текот на десетте години од постоењето, ЦЕЕД Македонија успеа да се позиционира на македонскиот пазар како единствен и иновативен давател на услуги за бизнис поддршка кој дизајнира и имплементира менаџерски и лидерски програми, програми за развој на личните вештини и консултантски услуги.

Во овие 10 години, докажавме дека ЦЕЕД Бизнис клубот е најдоброто место за личен и деловен развој. Низ нашите програми за развој поминаа околу 1.500 претприемачи и менаџери од преку 1.000 компании, а нивните резултати се мерило за нашата успешност.

Пишуваме историја, креираме успешни приказни, градиме мрежа на претприемачи, сопственици на компании, менаџери и растеме заедно!

Ви благодариме и ги чекаме следните десет, десет пати побројни!

*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија