Десет градови во САД кадешто новиот дом е поефтин од нов автомобил
Објавено во: Свет 25 Април, 2019
Најдобрата инвестиција за голем број граѓани се парите потрошени на недвижнина. Последните години се повеќе се вложува во имоти а акцентот се става и на сопствени домови. Американците како никогаш досега купуваат и вложуваат во домови а просечната цена на дом во САД е 226 300 дoлapи, покажуваат податоците на Zillow. Истражувањето покажало дека во некои помали населени места во САД можете да купите сопствен дом за многу помала цена од просечната додека на друго место можете да купите дом дури по цена на нов автомобил. Cпopeд бројките Амepиĸaнцитe можат да си купат сопствен дом за околу 33 000 долара.
Еве во кои места се поефтини становите, односно семејните куќи:
10. Џоунсбор, Луизиана – 33 300 $
9.Нанси Гло, Пенсилванија – 32 400$
8.Сосаити Хил, Јужна Каролина – 31 300$
7.Наома, Западна Вирџинија – 30 200$
6. Комерс, Оклахома – 27 600$
5. Нунели, Тенеси – 26 400$
4. Ерлингтон, Кентаки – 25 900$
3. Милен, Мисури – 22 100$
2. Монтеземума, Индиана – 20 900$
1. Флинт, Мичиген – 19 200$
Фото Lifebites.bg