Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија
Објавено во: Свет 02 Ноември, 2025 09:37
Десет лица се хоспитализирани, од кои девет со повреди опасни по живот, по напад со нож во воз, што синоќа патувал низ англискиот округ Кембриџ, јави Би-Би-Си.
Британската полиција го примила првиот повик за нападот во возот што сообраќал од Донкастер до Кингс Крос во 19:39 часот по локално време, по што пристигнала на местото на злосторството и уапсила двајца мажи, јавуваат британските медиуми.
Подоцна полицијата соопшти дека десет лица се во болница, од кои девет со повреди опасни по живот, наведува Би-Би-Си. Во моментов нема смртни случаи. Полицијата потврдила дека на местото на настанот се испратени и сили за борба против тероризмот, додава Би-Би-Си.
- Вооружени полицајци реагирале на инцидентот кратко пред 20 часот и успеале да го совладаат напаѓачот. Уапсени се две лица. Имаше повеќе убоди со нож, изјавил Бен Обез-Џекти, пратеник во британскиот Парламент од Хантингдон.
Тој посочи дека очигледно е дека станува збор за многу сериозен инцидент
- Патував во економска класа. Слушав музика и одеднаш видов луѓе како трчаат покрај мене. Еден човек прободуваше со нож секого кој ќе сретнеше. Неколкумина од нас се погледнавме, мислејќи дека можеби е шега за Ноќта на вештерките. Но, од изразите на нивните лица сфативме дека ситуацијата е сериозна и почнавме да бегаме. Сите беа во паника, некои од повредените исто така трчаа и нè предупредуваа сите нас, изјави очевидец.
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Трамп најави нови санкции за земјите што соработуваат со Русија
„НЕМАМЕ ШТО ДА КРИЕМЕ“: Трамп ги повика републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн
АЛБАНИЈА ГО ОТВАРА ПОСЛЕДНИОТ КЛАСТЕР ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ: Преговорите ги почна заедно со Македонија
Полнеле вреќи со пари и правеле златни тоалети - Украина сред најголемиот корупциски скандал од почетокот на војната
САД уништи уште еден брод и погуби четири „нарко-терористи“
(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени
„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“
Робот во Унгарија изградил куќа од 100 квадратни метри за три дена: Заменува група од пет ѕидари
Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите





