25 Април, 2024
0.0278

Десет милиони евра од државата како гаранции за кредити на фирмите

Објавено во: Економија 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии веќе го разгледала прашањето и планира 10 милиони евра да ги обезбеди за гаранции на кредити за домашните компании. Гаранцијата ќе ја дава Банката за развој на Македонија, ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими кој денеска беше во Стопанската комора каде ги слушаше барањата на домашните и странските компании. Бесими вака одговори на констатацијата на Зоран Јовановски, главен сосветник на Управниот одбор на Стопанската комора за економски прашања кој рече дека потребна е мерка која би вклучувала државна гаранција за комерцијални кредити преку комерцијалните банки. За таква мерка веќе било дискутирано кога беше дефиниран третиот пакет економски мерки за помош од Ковид кризата. 

„Со реализацијата на ваквата мерка значително би се олеснила кредитната активност на банките, што е исклучителено важно во услови на постоење на висок степен на неизвесност и кредитен ризик. Исто така дискусиите за третиот пакет интервентни мерки вклучуваа и гарантна шема преку Развојната банка во смисла на гаранции за обезбедување на царинскиот долг, рече Јовановски.

Бесими рече дека министерството за финансии со 10 милиони евра ќе гарантира неколкукратно повисоки суми на кредити за малите и за средни претпријатија

„Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки. Со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за реализација на тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, што е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата, рече Бесими.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди