16 Април, 2024
0.0244

Десетици млади веќе ја искористија шансата и добија кредит од Халкбанк за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Квалитетното високо образование е од исклучително значење за општеството во целина бидејќи на тој начин се создава висококвалификуван кадар кој е конкурентен на домашниот и меѓународните пазари на трудот. Токму затоа, Меѓународниот Балкански универзитет (МБУ) на различни начини настојува квалитетното образование да биде подостапно за што поголем број млади луѓе. Откако е основан досега, универзитетот има доделено повеќе од 1000 стипендии на талентирани студенти, со што придонесува за поголема и поширока достапност до квалитетно образование на универзитет со меѓународен карактер.

За оваа учебна година, освен што ги отвори вратите за најдобрите средношколци давајќи можност 3-те најдобри ученици од секое средно училиште во Северна Македонија да добијат целосна стипендија, МБУ заедно со Халкбанк АД Скопје започна и кампања „Инвестирај во знаењето“ во рамките на која е формиран и посебен производ - Студентски кредит со 0% каматаи со промотивна школарина од 1000 евра. Во оваа понуда школарината ќе може да се плаќа на 12 еднакви месечни рати и тоа без камата. Односно, Меѓународен Балкански универзитет ќе ја покрие каматата за студентскиот кредит, овозможувајќи на овој начин олеснување на студирањето на младите кои се подготвени да добијат најквалитетно високо образование и да се подготват за просперитетна кариера во разни области.

„Многу сме задоволни што создадовме производ кој може да го олесни студирањето на младите на нашиот универзитет на кој наставата се одвива целосно на англиски јазик. Досега десетина млади веќе ја искористија шансата за образование според најмодерни стандарди на Универзитет кој е прогласен за најдобар во Северна Македонија во областа на наставата и учењето според Шангајската ранг листа на универзитети. Тие на овој начин избраа студирање на еден од седумте наши факултети кои нудат 18 програми за додипломски и 10 програми за постдипломски студии “, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.  

Халкбанк, како партнер во кампањава, е позната по тоа што секогаш навремено ги согледува и одговара на потребите на граѓаните со соодветни финансиски решенија. Токму такво решение е и новиот студентски кредит со кој се овозможува младите, на многу полесен начин, да можат да добијат квалитетно високо образование.

„За новиот кредит сите заинтересирани можат да аплицираат во било која филијала на нашата банка во земјава во едноставна процедура за која нема да се наплаќа надоместок за апликација и одобрување, а за производот не се предвидени ниту трошоци за предвремена отплата согласно регулативата. Со нашиот нов производ, субвенциониран кредит за студирање во соработка со МБУ, родителите или членови на семејството, школарината ќе ја отплаќаат на 12 еднакви месечни рати со можност за добивање грејс период за отплатата од 3 месеци. Каматата за целиот период ќе биде субвенционирана од страна на универзитетот, а клиентите ќе имаат обврска за редовно сервисирање само на главницата во договорениот период на отплата, објаснува Марко Поповски, директор на Дирекција за маркетинг на население.

На сите оние на кои ќе им биде одобрен студентскиот кредит, како дел од кампањата, МБУ и Халкбанк овозможуваат и добивање дебитна картичка која дава можност за подигнување готовина од сите банкомати од сите банки во земјата и странство, како и бесплатно електронско банкарство и бесплатна мобилна апликација за истото, а истовремено бесплатно ќе биде и водењето на трансакциската сметка.

Студентите кои се уште не одлучиле каде ќе го продолжат образованието, на одлуката за студирање на Меѓународниот Балкански универзитет може да им влијае и податокот дека МБУ има над 90% професионално ангажирани дипломци во првите 6 месеци по дипломирање, што е највисок процент во целиот регион.

„Создавањето интернационален кадар кој, според досегашното искуство, успешно се соочува со предизвиците на глобалните компании, е резултат и на силната и блиска соработка што Универзитетот ја има со компании од земјава и странство каде секојдневно се нуди квалификуваниот кадар произлезен од МБУ, подготвен да се соочи со секој работен предизвик”, додава Рамадани.

Нивото и квалитетот на образовниот процес што ги нуди овој универзитет се зголемува со програмите и договорите за студентска мобилност, односно можност за размена преку договори што МБУ ги има со над 150 универзитети во 40-тина земји од Европа и светот, преку европската мрежа Еразмус+ и турската програма за студентска мобилност Мевлана.

Меѓународниот Балкански универзитет ја гради својата успешна приказна во нашата земја веќе 13 години и досега од него излегле 9 генерации од додипломски и 5 генерации од мастер студиите.


Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!