29 Март, 2024
0.0266

Дескоска номинирана за член на Венецијанската комисија

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерката за правда Рената Дескоска е номинирана за член на Венецијанската комисија. 

Таа оваа информација ја објави на својот фејсбук профил.

„Денеска е прифатена мојата номинација за член на Венецијанската комисија. Тоа е и потврда дека се исполнети критериумите за членство во комисијата. Благодарам за довербата!“, напиша министеркта. 

Рената Дескоска е родена во Скопје, на 3 мај 1972 година. Основното и средното образование ги завршила во Скопје, со континуиран одличен успех при што била прогласена за првенец на генерацијата. Во 1994 година дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“, со просечен успех 9,55. На истиот факултет, во 1997 година ги завршила постдипломските студии со просек 10 и магистрирала на тема „Типови на извршна власт“. Таа докторирала на Правниот факултет во Љубљана,  каде ја одбранила дисертацијата на тема „Конституционализмот, уставите и човековите права, со посебен осврт на земјава, со што станала доктор по правни науки. По дипломирањето, од 1995 до 1998 година била ангажирана како демонстратор на Правниот факултет во Скопје, каде во 1998 година била избрана за асистент, а во 2003 година во звањето доцент. Потоа, во 2008 година била избрана во вонреден професор, а во 2012 година станала редовен професор во областа на уставното право и политичките системи. 

Во Владата на СДСМ прво беше министерка за образование, а потоа го презема раководењето со ресорот правда.

Венецијалнската кимисија е советодавно тело во Советот на Европа составена од независни експерти од областа на уставното право. Била создадена во 1990 година во време на итна потреба за уставна помош во Централна и Истична Европа. 

Претходно македонски претставник во комисијата беше професорката на Правниот факултет, Тања Каракамишева.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница