24 Април, 2024
0.0350

Деспотовски од ФИТР ја чека уште поштата

Објавено во: Финансии 11 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Јован Деспотовски, директорот за Фондот за иновации и технолошки развој, гу чека уште поштенските пратки на преостанатите фирми кои треба да се изјаснат дали имаат функционери и нивни роднини во сопственичката структура, по доделените 10 мииони евра како грантови за ко-финансирање на иновативните проекти на 79 претпријатија. Деспотовски вели дека веднаш ќе биде исплатена првата рата откако ќе се утврди дека се е чисто кај сите фирми.

Деведесет отсто од компаниите кои добија државна помош од Фондот за иновации доставиле изјави дали во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на неговото семејство. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им даде рок од 15 дена на 79 – те компании добитници на грантови да се изјаснат дали се поврзани со функционери откако беше објавено дека меѓу добитниците има компании во сопственост на функционери.

Колку од компаниите се изјасниле дека имаат функционери или членови на нивни потесни семејства во сопственичката структура, Деспотовски најави дека ќе каже следната недела.

„ Поголемиот дел од компаниите веќе ги доставија изјавите до ФИТР, но дел од нив ги имаат испратено и по пошта, па очекуваме до понеделник да се комплетира и оваа фаза. Досега, танува збор за 77 компании, бидејќи две во меѓувреме се откажаа од понатамошната постапка, за што веќе ја известивме јавноста. Веднаш по истекот на рокот и систематизирање на доставените изјави, Фондот ќе ги стави на увид на јавноста овие информации“ , изјави за „Макфакс“ директорот Деспотовски.

Повторното разгледување на апликациите, каде апликантите декларирале постоење на носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура Деспотовски вели дека ќе се изврши во рамките на следната работна сесија на Комитетот која ќе се закаже во најкус можен рок.

„Како директор, ќе побарам и очекувам во најскоро време да се реализира и оваа постапка, односно апликциите на компаниите кои во сопственичката структура имаат носител на јавна функција,  повторно да се разгледуваат  според  критериумите за селекција во согласност со правилниците на повикот. Не би сакал заради овој дополнителен чекор што го правиме, а кој е во насока на зацврстување на кредибилитетот на процесот, предолго да се одложува реализацијата на инвестициските планови на овие компании. Секако, доколку Комитетот и по втор пат одлучи дека условите и критериумите за селекција за нив се исполнети“, вели директорот Деспотовски.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА