29 Март, 2024
0.0278

Деспотовски: Петмина од новите членови на УО на ФИТР веќе работеа со нас, тие не одлучуваат за грантовите

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Јован Деспотовски, директорот на Фондот за иновации, денеска одговарајќи на новинарско прашање, рече дека новите членови на Управниот одбор во Фондот за иновации што ги именуваше Владата во четвртокот може да имаат какво било формално високо образование. 

Владата за членови на УО ги именуваше  Моника Јованова (дипломиран преведувач и толкувач од албански на македонски јазик и обратно), Пиштар Љутфиу (м-р од областа на политичките науки), Калина Лечевска (доктор на социолошки науки), Бранко Ничота (дипломиран Инженер по електротехника), Димитрија Анѓелковски (образованието не беше наведено), Синиша Вељановски (дипломиран правник и м-р по меѓународно право и меѓународни односи со положен правосуден испит) и Дритон Зибери (образованието не е наведено). 

Медиумите реагираа дека членовите го немаат соодветното образование за да одлучуваат за грантови чиј фонд достигнува 18 милиони евра, но Деспотовски денеска рече дека тие не одлучуваат за распределба на средствата и дека петмина од нив веќе работеле во ФИТР и, како што вели тој, добро си ја завршиле работата.

- Тие, според своите надлежности, ќе ги разгледуваат програмите и правилниците. Петорица од седумте членови кои сега се именувани беа со нас и во изминатите три години. Како директор можам да кажам дека тие успеале да не следат во нашата работа и нивното формално образование не претставувало пречка. Другите двајца вчера прв пат и јас ги запознав, но да им дадеме шанса, рече Деспотовски.

Деспотовски најави дека со последните иницијативи, законски ќе се разгледа можноста да се разгледа тоа, покрај директорот на ФИТР и странските експерти од комисијата која ги евалуира грантовите, и членовите на Управниот одбор да имаат одредено високо образование како услов.

- Членовите на Управниот одбор не се тие кои решаваат за проектите, туку нив ги одобрува Комитет за одобрување на инвестиции составен од петорица странски експерти, кои се објавени на веб-страната на фондот. За нивниот избор ќе има меѓународен оглас, додаде Деспотовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење