19 Март, 2024
0.0621

Деспотовски: Со јасни правила на игра ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба и ќе поттикнеме нови инвестиции

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Со панел дискусија „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“, Дирекцијата за ТИРЗ почнува серијата дебати со бизнис заедницата чија цел е унапредување на услугите и деловната клима за инвестирање во С.Македонија. Овој процес се реализира во партнерство со Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со напредно технолошко производство.

“Воведуваме нов систем на унапредување на односите со инвеститорите. Сакаме преку отворен процес на разговор да стигнеме до решение за сите практични предизвици со кои се соочуваме но и она што постои како потенцијал да го искористиме за подобрување на услугите. Денеска зборуваме за една специфична тема – користење и следење на државната помош и дефинирање на подобни трошоци. 

Воведуваме јасни и прецизни правила на игра со што ќе ја зајакнеме меѓусебната доверба и да поттикнеме подобрување на деловната клима поставувајќи ја Северна Македонија како сериозна дестинација за инвестирање,“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.


Тој нагласи дека целта е да се воведе заштитен механизам и за компаниите, но и за државата, како и дека ова треба да резултира во упатство кое ќе се применува и за компаниите надвор од зоните.

„Мораме да најдеме начин да се справиме со одредени ризици кои постојат како што е проверка на трошоците и колку тие се реални со пазарните цени. Ова е од интерес и на инвеститорите, но и на сите наши сограѓани - даночни обврзници во земјата. 

Наша амбиција е ова што го дискутираме денес понатаму да важи и за компаниите надвор од зоните. Ова е реално пионерски чекор во тој правец кој сакаме да се преслика и во сите останати елементи на доделување државна помош,“ нагласи Деспотовски.

Штефан Петер, претседател на Советот за странски инвестиции ја поздрави иницијативата за ваква отворена дебата.

„Сите можеме да се согласиме дека странските директни инвестиции се важни за секоја земја особено за мала земја како што е Северна Македонија. Тие носат свеж капитал, вработувања, образование, трансфер на технологии. Сите земји се натпреваруваат во привлекување на странски инвестиции. Само во Советот сега имаме 130 странски компании кои прават обрт од 5 милијарди евра и вработуваат 50.000 луѓе. Затоа сметам дека секогаш можеме и мораме да ги унапредуваме нештата со цел да се унапреди системот, да има поголема флексибилност и да имаме развој кој може да биде предвидлив,“ нагласи Петер.

Директорот на Асоцијацијата на странски компании со напредно технолошко производство, Виктор Мизо ја нагласи потребата од почесто ажурирање на ова упатство со кое се регулираат подобните трошоци.

„ Ова е многу важна тема која ја отворивме одамна и конечни по три години ќе седнеме да најдеме решение. Многу е важно за идните компании да знаат однапред што е оправдан инвестициски трошок, кој ќе биде по ист принцип за сите. Исто така е многу важно ова упатство да се усогласи со глобалните стандарди. Верувам дека ова ќе придонесе кон подобрување на процедурите и ќе биде основа за промена на законски акти, како и дека ќе се земат во предвид нашите забелешки,“ рече Мизо.

На панелот присуствуваа над 30 компании активни во зоните и надвор од нив. Сите ја поздравуваат инцијативата за отворени разговори кои треба да придонесат кон подобрување на деловната клима. Сите конкретни предлози од оваа дебата ќе бидат анализирани и вклучени во унапредување на законската регулатива за поефикасен систем за исплата и следење на државната помош и ќе бидат содржани во упатство кое ќе го изработи меѓународната ревизорска куќа ПрајсвотерхаусКуперс, избрана на отворена тендерска постапка на ТИРЗ.

Следниот панел ќе биде посветен на новововедениот систем за грижа на корисници, Систем на една влезна точка на ТИРЗ.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте