ДЕТАЛИ ОД ЛОНДОН: Верниците му се спротивставиле на напаѓачот
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2020
Со нож е нападнат мујезинот кој ја предводел молитвата во џамија во Лондон. Полицијата го задржала осомничениот.
Задржан е белец облечен во црвен дуксер, покажуваат првите снимки.
Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.
Повикувајќи се на очевидци, Ројтерс јавува дека во џамијата имало околу 100 верници и дека 20-тина од нив реагирале и му се спротивставиле на напаѓачот.