ДЕТАЛИ ОД МИНАТОТО: Здравко Чолиќ бил уапсен во Охрид
Објавено во: Балкан 13 Мај, 2018
Познатиот пејач Здравко Чолиќ во 1987 година бил уапсен во Охрид откако кај него била пронајдена поголема количина девизи. Тогаш тоа било забрането.
Чолиќ поминал три дена во Истражен затвор. Тој одлучи да открие детали за немилата случка од минатото кажувајќи како се чувствувал кога со лисици го однеле во затвор.
– Од 1985-та до 1989-та година живеев во Загреб. Се презаситив од музиката, па со еден пријател инвестирав во машини за превоз на пластика. Пошироката јавност дозна дека се занимавам со приватен бизнис дури отка ме уапсија во Охрид, поради тоа што кредитните средства ги претворав во девизи, кои во тоа време поевтино се купуваа во Македонија, за разлика од Србија и Хрватска. Беше многу непријатно, луѓето купуваа девизи во селата со Албанци. Цело време ме следеа, не им беше јасно што правам таму во февруари, кога нема концерт ниту туристи. А јас бев натоварен, па ме пречекаа и ми ги зедоа сите девизи, раскажува Чолиќ.
Тој вели дека чесно заработувал без никаков криминал.
– Три дена бев во притвор. Првиот ден бев во канцеларијата на началникот. Ме почитуваа. Вода и плескавица, потоа ме испратија да спијам во хотелот, а следните три утра доаѓав на разговор, кој траеше од 8:00 часот наутро до 8:00 часот навечер. Тоа беше своевиден притвор со толеранција. По третиот ден, ме ослободи истражниот судија да се бранам од слобода, открива популарниот Чола.