ДЕТАЛИ ОД ТИРАНА: Се претставиле како новинари, и сакале да извршат напад
Објавено во: Балкан 23 Октомври, 2019
Уапсени се лица кои сакале да извршат напад во Тирана и кои се претставиле како новинари.
Поглаварот на Бектешката заедница Хаџи Едмонд Брахамај (Баба Монди) изјави дека веста за планираниот терористички напад ја дознал во моментот кога ја одржувал церемонијата за празникот Султан Невруз.
Mу соопштиле дека се уапсени двајца организатори на влезот на објектот, со што било спречено да влезат и да го извршат нападот.
„Ова не е дел од верата, туку на луѓето кои сакаат да создадат судири. Исламската религија е религија на мирот, благосостојбата љубовта. Се молам на Бога да има што е можно помалку такви луѓе, изјави Баба Монди за тиранската телевизија Њуз 24.
Баба Монди посочи дека нивната верска заедница, како и другите, соработувала со припадниците на секторот за антитероризам и дека сите верските заедници во Албанија ја дале својата поддршка на Владата во борбата против тероризмот.
На забелешката на новинарката дека во седиштето на Бектешката заедница често престојуваат членовите на МЕК (муџахедини кои се сместени во Тирана), тој изјави дека „тоа е божји дом, отворен за сите“.
Во Тирана е избегнат терористички напад.
Полицијата разоткри иранска терористичка ќелија, која подготвувала терористички акт во Албанија, на празник на бекташката верска заедница Султан Невруз.