25 Април, 2024
0.0373

ДЕТАЛИ ЗА ВЕНЧАВКАТА: Утре стапуваат во брак принцот Хари и актерката Меган Маркл

Објавено во: Стил 18 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Привршуваат последните подготовки за свадбата на принцот Хари и Меган Маркл.

Мајката на Меган Маркл, Дорија Регланд, ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора во текот на денот за прв пат во замокот Виндзор, заедно со својата ќерка и идниот зет.

Таа пред тоа имаше средба со Чарлс и Вилијам.

Меган Маркл даде соопштение во кое се вели дека нејзиниот татко нема да дојде на венчавката и истакна дека се надева дека тоа ќе му даде простор да се фокусира на своето здравје после операцијата.

Клер Птак прави свадбена торта, која ќе им биде послужена на 600 присутни гости, пренесува „BBC“.

Клер вели дека тортата е направена по традиционален рецепт и дека ја подготвувала со помош на тим од шест луѓе, пет дена во кујната во Бакингемската палата.

Останатите членови на кралското семејство исто така се во Виндзор, вклучувајќи ги и војводата и војвотката од Кембриџ, како и принцот од Велс и војвотката од Корнвел.

Мајката на Меган се сретна со принцот Вилијам, неговата сопруга Кетрин и нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлота.

Меган Маркл последната ноќ пред венчавката ќе ја помине со својата мајка во луксузен хотел, а принцот Хари ќе биде со својот брат Вилијам во друг хотел.

Вчерашната проба на возење во кочија го привлече вниманието на стотици луѓе, а кралскиот пар во автомобил ја помина рутата.

На венчавката ќе присуствуваат околу 250 припадници на војската, а се очекува околу 100.000 луѓе да отпатуваат во Виндзор за да ја набљудуваат венчавката.

Венчавката ќе започне утре во 12 часот и ќе се пренесува во живо насекаде ширум светот.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган