Дете од 6 години преживеа пад на авион
Објавено во: Свет 09 Септември, 2018
Претоварен авион на компанијата „Bejbi er" се урна во езеро во Јужен Судан, при што загинаа 21 лице, а тројца преживејаа, меѓу кои е и едно шестгодишно дете.
Во авионот кој летал кон престолнината Џуби имало место за 19 луѓе, и се истражуваат причините за несреќата.
Преживеа и италијански лекар кој работел во хуманитарна организација. Тој е опериран по несреќата.
Мртви тела имало насекаде по падот на авионот.