29 Март, 2024
0.0259

Детектор: Граѓаните сметат дека лицата со попреченост немаат доволно услови

Објавено во: Мои пари 02 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Лицата со попреченост немаат еднакви права и можности со останатите граѓани (55,0%) и квалитетот на живот на овие лица е оценет со тројка (41,8%) од испитаниците во најновото истражувањето на јавно мислење на тема „Квалитет на живот на лица со попреченост“,спроведено за емисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во која гостуваа Душан Томшиќ – посебен советник за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика, Елена Кочовска од Полио Плус и Оливера Савевска  родител на лице со физичка попреченост.

Мнозинството граѓани сметаат дека лицата со попреченост немаат обезбедено доволно услови за квалитетен живот (51,1%), и споредено со претходно дел од испитаниците сметаат дека условите за живот се на повисоко ниво (37,5%), а дел дека нема промена (35,9%).

Со новиот закон за социјална заштита ќе има подобрување на условите за живот на лицата со попреченост, не уверува посебениот советник за социјална заштита при Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ наведувајќи го унапредувањето на услугите кои овие лица ќе ги добиваат, „услуга за лична асистенција како законско право на територија на целата земја, и двете нови услуги кои до сега ги немаше, помош во домот и одменска нега. Овој закон е фокусиран на развој на услуги кои што им се многу потребни на лицата со попреченост“, истакнува Томшиќ.

Според Елена Кочовска од Полио Плус, ако се споредат принципите и одредбите од конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и новиот закон за социјална заштита „ќе видиме дека голем дел од мерките не се воопшто усогласени со одредбите и принципите на конвенцијата. Потребно е усогласување за да се задржи инклузивната еднаквост и да престанат да се дискриминираат граѓаните со хендикеп, според нивната медицинска состојба и возраста. Потребно е  да се внимава на принципите на нивно индивидуално парципативно учество и сите останати услуги и бенифиции мора да излегуваат согласно индивидуалните потреби на граѓаните со хендикеп – вели Кочовска.

Најголем дел од испитаниците во анкетата сметаат дека државата не овозможува доволно услови за вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот (46,6%). Овие лица немаат ниту еднакви можности за вклучување во македонскиот образовен систем (40,3%), ниту доколку живеат на село (38,$%), ниту пак во поголем град (50,3%). А здравствениот систем во земјава не е во можност да обезбеди квалитетна грижа за лицата со попреченост (44,0%).

Томшиќ посочува дека „За прв пат во оваа земја имаме ставка во буџетот социјални услуги и деинституционализација, која што е наменета за развој на локални услуги во заедниците каде што со овие услуги луѓето ќе станат повидливи, а од таму почнува подигнувањето на свеста, бидејќи ние се соочуваме со ниската свест во општеството – вели тој.

Што се однесува до состојбите на пазарот на трудот и во образованието говорниците во емисијата се согласни за лошата кондиција во која сега се наоѓаат, и видливата неопходност за креирање на наши автентиечни модели со кои ќе бидат задоволени потребите и на лицата со попреченост и на бизнис заедницата од една страна, а низ соодветен систем на образование на лицата ќе им биде овозможено учење на вештини кои ги направат поконкурентни на пазарот на трудот.

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Макеоднија не ги исполнува стандардите и препораките на ЕУ во однос на квалитетот на живот на лицата со попреченост (51,1%), но се оптимисти, и доколку станеме членка тие сметаат дека живот на овие лица ќе се подобри (61,9%).

Гостите во емисијата се свесни дека со еден закон не може драстично да се смени состојбата во земјата, па итноста од промени во повеќе министерства е неопходна доколку сакаме промени на генералната слика за квлаитетот на живот на лицата со попреченост. Токму затоа Оливера Спасовска, како родител на лице со попреченост укажува дека „Не би ја чекала Европската унија за да ги подобриме условите  затоа што го товарот го трпам на својот грб. Од мој интерес е да се решат работите побрзо“ – вели таа потсетувајќи „ништо не правиме само со промените во труд и социјала, тоа е само еден сегмент. Потребно е да се вклучат повеќе министерства бидејќи едно министерство не може да ги покрие проблемите и потребите на лице со попреченост“.

„Имаме доволно средства и мотив за развивање на услуги за лицата со попреченост во локалните заедници. Имаме соработка со Светска Банка и за еден до два месеци ќе се појават повици до општините, на кои тие би аплицирале за развој и воспоставување на услуги, притоа тие ќе бидат платени следните 12 месеци во рамки на проектната единица, а потоа трошоците за нивно финансирање ги презема државата – оптимистички заокружува Тошиќ.

Истражувањето на тема „Квалитет на живот на лица со попреченост“ беше спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) во период од 18 до 21 мај, на 1.108полнолетни испитаници на ниво на целата земја, со користење на случаен примерок, стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението. 


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија