ДЕТЕТО НЕ Е ПОЧИНАТО - го реанимиравме, сега се обидуваме да го спасиме
Објавено во: Балкан 22 Март, 2020
Директорот на болницата каде што било превезено 15-годишното дете за кое некои медиуми објавија дека починало од силниот земјотрес, во изјава за Н1 телевизија вели дететото не е починато.
„Го реанимиравме, сега се обидуваме да му го спасиме животот“, изјавил докторот на болницата.
Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ тукушто изјави дека од земјотресот има едно тешко повредено дете.
Ги повика граѓаните да останат надвор.
Во земјотресот има и една тешко повредена жена.
Паниката не е добар сојузник, порачаа надлежните.