20 Април, 2024
0.0277

Детската игра и креативност повторно го „обоија“ Капиштец

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Детската игра и креативност донесоа уште една возбудливо и интересно попладне во паркот Капиштец. Слоганот „Остави го таблетот, симни се пред зграда“ и оваа среда поттикна голем број родители и деца да дојдат на заедничко дружење во маало. Овој пат децата имаа можност да научат нешто за игрите кои во минатото беа заштитен знак на скопските маала. Играа плочка и криенка, вртеа хулахоп, скокаа на јаже. Во рамките на настанот се одржа и ликовна работилница. Вештите детски раце создадоа повеќе од сто цртежи кои барем на неколку часа го претворија паркот Капиштец во изложбена галерија на отворено. 


„Мислам дека оваа иницијатива на општина Центар е одлична. Моите деца со нетрпение ја чекаат секоја среда и се радуваат на можноста да се дружат со своите врсници надвор од домот. Настанот денеска ме потсети на времето кога јас бев дете и кога летните вечери беа резервирани за плочка, ластик, граница, народна. Сите заедно треба да се погрижиме овие игри да им ги пренесеме на нашите деца за да не бидат заборавени“ – вели Александра, која со своите деца е редовен посетител на работилниците во паркот Капиштец.


Основна цел на проектот „На одмор сум, во Скопје сум – општина Центар мисли на мене“, кој е поддржан од локалната самоуправа, е децата да се едуцираат на интересен начин за време на училишниот распуст и да се поттикнат да излезат надвор од своите домови на заедничко дружење и игра. До сега се одржаа повеќе ликовни, музички и театарски работилници. На секоја од нив присуствуваат по повеќе од 200 деца со нивните родители. За наредната среда е закажано ново дружење во паркот Капиштец, кога ќе се одржат драмска и музичка работилница. 

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!