24 Април, 2024
0.0393

Дигитализација: Како малите бизниси ги реализираат своите големи планови

Објавено во: Економија 07 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Секој успешен претприемач знае дека клучот за напредок се наоѓа во можноста да инвестира и да се адаптира на промените побрзо и подобро од конкуренцијата. А во денешно време тоа значи да се дигитализира. Овој предизвик е особено важен не само за корпорациите и големите бизниси, туку и за малите бизниси коишто за да останат на пазарот, мора максимално да ги искористат предностите на дигиталните алатки.

Квалификувани сертификати за Електронски потпис и печат. Овие доверливи услуги служат како потврда за идентитетот на потпишувачот и ја гарантираат сигурноста и веродостојноста на лицето коешто ги потпишува електронските документи.

Преку дигитализирање на што повеќе процеси во компанијата, модерниот претприемач добива можност да „го јавне бранот“ на дигиталната револуција, којашто ќе го одведе до зголемување на ефикасноста и продуктивноста, но и до намалување на трошоците на претпријатието. Дигиталните услуги се многу едноставни за користење и најчесто е потребно само активација на профил, неколку клика преку интернет пребарувач или мобилна апликација (многу слично на профилите на социјалните медиуми).

Кога станува збор за дигитални услуги, важи правилото „што повеќе, толку подобро“, но многу е важно во овој процес да се избере вистинскиот партнер. Многу македонски претприемачи го пронајдоа токму во Македонски Телеком, како доверлив и сигурен партнер на бизнис заедницата во земјата. Со широкото портфолио на дигитални услуги и ИКТ решенија тој го покрива секој сегмент од работата на бизнисите, а истовремено нуди целосна сигурност на податоците, што е еден од најважните услови за дигитализација. На вас останува само да одлучите дали ќе го преземете ризикот да бидете прегазени од трендовите или пак ќе бидете вистински трендсетер и ќе почнете да ги дигитализирате работните процеси - чекор по чекор.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска