ДИК: 23.81 отсто е излезноста во земјава до 13 часот
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
23.81 отсто е излезноста во земјава до 13 часот.
Во ИЕ 1 има 27.89 отсто, во ИЕ 2 21.64 отсто, во ИЕ 3 има одзив од 28.92 отсто, во ИЕ 4 има излезност од 27.45 отсто. Во ИЕ 5 одзивот е 23.11 отсто и во ИЕ 6 излезноста е 15.58 отсто.
Крива Паланка, Битола, Неготино, Вевчани имаат висока излезност.
Ова се податоци од вкупни 3368 места. Во бројки, гласале вкупно 432.026 граѓани до 13 часот, соопштија од ДИК.
Гласањето трае до 21 часот вечерва.