ДИК: Излезноста на гласачите до 11 часот изнесува 11 отсто
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
Излезноста на гласачите до 11 часот изнесува 11 отсто, 199.495 граѓани гласале, соопштија од ДИК.
Оливер Дерковски од ДИК рече дека досега немало пријавени инциденти.
Во ИЕ – 1 одѕивот бил 13, 7 отсто.
Во ИЕ 2 одзивот е 9.60 отсто, во ИЕ 3 13.08, во четвртата 13.45, петтата 10,55, и шеста 6.04 отсто.
Крива Паланка има скоро 17 отсто одзив, Лозово 17.03, Пробиштип 20.69 отсто излезност.
Во Дојран 17,83 отсто, Демир Капија 20.77 отсто, Новаци 20.52 отсто.
Податоците се од 3.134 избирачки места.