ДИК објави која партија колку советнички места освои во Град Скопје
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2021
Распоред на советници во Град Скопје покажува дела ВМРО-ДПМНЕ ќе има 17, а СДСМ 12 советници. Ова синоќа го соопштија од Државната изборна комисија (ДИК).
ДУИ ќе има 6 советници, Левица - 4, а по два советника во Советот ќе имаат коалицијата на ЛДП-ДОМ, коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива и Зелен хуман град.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје освоила 78.538 гласови, коалицијата на СДСМ добила 52.431 гласови од граѓаните, за листата на ДУИ гласале 26.338 избирачи, за Левица гласот го дале 20.070 гласачи, за коалицијата ЛДП-ДОМ гласале 9.152 избирачи, за коалицијата Алијанса за Албанците гласале 11.447 граѓани, а за независната листа на група избирачи предводена од Драгана Велковска (Зелен хуман град) гласале 9.062 избирачи.