19 Април, 2024
0.0273

ДИК: Пријавени за гласање околу 100 лица кои се во изолација

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија очекува до истекот на рокот вечерва на полноќ, да се пријават нешто повеќе од 200 граѓани кои се во изолација, а кои ќе сакаат да го остварат нивното право на гласање на претстојните парламентарни избори на 15.јули.

-До 10 часот утринава има околу 100 граѓани кои се дома во изолација заради корона вирусот кои се пријавиле електронски да го остварат правото на гласање. Тие се од околу 20-тина општини на територијата на целата држава. До крајот на рокот за пријавување, очекуваме бројот двојно да се зголеми. Нашата претпоставка е дека ќе има нешто повеќе од 200 кои ќе се пријават, вели за Фактор, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

Тој вели дека тимовите се целосно подготвени за сите изборни активности кои ќе се одвиваат на терен, а денеска од 14.00 часот во гимназијата „Јосип Броз Тито“ ќе биде огранизирана симулација на гласањето.

-Вежбата практично ќе го отслика изборниот ден. Ќе дојдат гласачи, ќе се прави дезинфекција, а целта на оваа симулација е да се придонесе за поголема транспарентност и едукација на граѓаните за изборниот процес, вели Дерковски.

Инаку, како и на сите досегашни изборни процеси, болните, изнемоштените и хронично болните ќе гласаат еден ден порано, односно на 14 јули.


Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните