25 Април, 2024
0.0280

ДИК се плаши од залудно трошење за референдумско гласање во странство

Објавено во: Економија 12 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Државната изборна комисија е свесна дека залудно ќе се трошат народни пари во странство за референдумското изјаснување на дијаспората, откако од таму не беше избран ниту еден пратеник на последните парламентарни избори а се потрошија државни средства за неуспешното гласање со мошне индиферентен одзив.

Оливер Дерковски, претседателот на новоформираната ДИК, која треба да го организира референдумот за договорот од Преспа на 30 септември, веи дека иако е предвиден трошок во буџетот на Комисијата, тој ќе се намалува.

- Конкретно за гласањето на дијаспората на минатите парламентарни избори се потрошени над 30 милиони денари, значи повеќе од 500 близу 600 илјади евра, што сепак е позамашна сума, која овој пат се обидуваме да ја рационализираме, да ја скратиме. Тоа ќе го направиме сигурно затоа што избирачките одбори се помали, ќе нема потреба да праќаме луѓе од тука, да правиме трошоци за авионски билети и дневници, тоа значи намалување на трошоците Со Министерството за надворешни работи се договоривме да ни ги испратат сите вработени луѓе во дипломатско-конзуларните претставништва низ светот, со цел да ангажираме што повеќе луѓе од таму за да ги намалиме трошоците. Се надевам дека износот овој пат ќе биде многу помал - веи Дерковски за Радио слободна европа.

Тој додава дека општо ќе се рационализира целокупната предвидена сума со повеќе од 210 милиони денари. Планот на ДИК е да се напамат трошоците на околу 170 милиони за целата постапка за организирање и спроведување на граѓанското изјаснување.

- Меѓутоа и тука има простор да намалиме и убеден сум дека реализацијата ќе биде пониска од оваа бројка - вели претседателот на ДИК.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст