ДИК: Во Чаир прегласувањето е мирно, излезноста мала
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2017
Гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир каде се повторува гласањето од вториот круг на Локалните избори, започна навреме и се одвива непречено, информираат од Државната изборна комисија.
До 10 часот излезноста на гласачкото место 2901 изнесува 4%. Од ДИК посочија дека и денеска гласачите од овој дел на општина Чаир може да пријават било какви неправилности и повреда на гласачкото право. Таков случај досега нема.