Димче Арсовски до МЗ: Ако не е точно тоа што го кажа Брнабиќ, извинување барајте од неа, а не од нас
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
Откако Министерството за здравство најостро ги демантираше наводите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Македонија се врши илегална вакцинација, оттаму порачаа да ја демантираат српската премиерка, а не партијата.
„Гледам од Министерството за здравство бараат извинување од мене и од колегата Антонијо Милошоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада. Таа изјави: ‚Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација'. Јас немам намера да се извинам, се вели во реакцијата на Димче Арсовски“, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.