Диме Ратајкоски си поднел оставка во МТВ?
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017
Диме Ратајкоски повеќе не е одговорен уредник на прв програмски сервис на МТВ, неофицијално дознава Фактор.
Оваа информација ја потврдуваат и дел од вработените во јавниот сервис, а дел тврдат дека само слушаат муабети и немаат официјална информација.
Од раководството на МТВ кажаа дека директорите денеска имаат повеќе состаноци надвор и не се во можност да дадат официјална информација.
СДСМ го обвинуваше Ратајкоски за пропаганда и криминал со власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие прашуваа дали Ратајкоски противзаконски изнесува и дава на користење архивски материјали на МТВ и дозволува користење ресурси на МТВ за приватни продукции.
Тој денеска не се јавуваше на мобилен телефон.
Неговото име и презиме уште стои на веб страницата на МТВ.