Димитар Димовски имал дијареа, затоа Јанакиески не бил спроведен на судење
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2019
Миле Јанакиески не бил спроведен на денешното судење за случајот „Топлик“ на СЈО за оштета на буџетот поради „Сончев град“, затоа што вториот обвинет во овој предмет, кој исто така се наоѓа во истражниот затвор Шутка, се пожалил на дијареа.
Димовски побарал лекарски преглед, а во меѓувреме судијата не можел да го дочека нивното спроведување навреме и го одложи рочиштето за 6 септември.
Судијата Осман Шабани изјави дека судот не добил информација зошто не биле реализирани барањата за спровод на обвинетите, а директорот на притворот Есад Рахиќ за „Макфакс“ рече дека го потпишал спроведувањето на Јанакиески но и дека не знае зошто тој не бил однесен на судење.
По извршениот лекарски преглед на Димовски, лекарот од истражниот затвор го одобрил спроводот.