23 Април, 2024
0.0279

Димитров - Хоџа: Да им се даде по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“ не е во духот на градење европска иднина

Објавено во: Македонија, Балкан 11 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Mинистерот за надворешни работи,  Никола Димитров на денешната средба со министерката за европски прашања на Косово, Дурата Хоџа рече дека одлуката на косовската влада да им даде по 10.000 евра на семејствата на осудените во „Диво Насеље“ не е во духот на градење европска иднина за регионот засновано на владеење на правото, што е заеднички интерес на двете земји. 

На средбата фокусот беше ставен врз европската перспектива на двете држави и потребата од заеднички ангажман на патот кон ЕУ.

Соговорниците беа согласни дека регионот заслужува јасна и дофатлива европска перспектива и притоа изразија подготвеност за забрзување на реформските процеси и заемна поддршка во таа насока.

Косовската влада издвоила 219.000 евра за покривање на трошоците на семејствата на косовските државјани убиени и осудени во нередите во Диво Насеље во Куманово во 2015 година.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на седница на владата изјави дека секое семејство ќе добие по 10.000 евра. Средствата се извлечени од програмата „непредвидени трошоци“.

Оваа вест вчера ја објавија медиумите во регионот. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Ќе можат да подигнат документи и на денот на гласањето