Димитров за царините од Косово: Работата ќе ескалира во лош правец
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2018
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната заедничка прес-конференција со косовскиот колега, Беџет Пацоли во Приштина рече дека ако воведеме контра мерки, работата ќе ескалира во лош правец и потоа, повторно ќе мора да седнеме за да најдеме решение.
Ова се однесува на косовската одлука за зголемувањето на царините на овошјето и зеленчукот. Димитров се надева дека ќе ја следат новата европска политика и низ брз дијалог ќе го надминат ова прашање.
„Мислам дека само тоа е патот за заштита и на нашите и на вашите производители. Мислам дека не можете да се заштитите себе си ако го повредите соседот. Не може една мерка да биде добра за Косово, ако не е добра за пријателот во соседството. Мора да најдеме решение“- кажа Димитров.
Вели дека во време на поврзување и имплеменитрање на Берлинскиот процес кој токму тоа го налага, треба да се елиминираат бариерите.
Заштитната мерка што косовската Влада ја воведува од петок, ќе трае 3 месеци и вклучува 30-отстотното зголемување на увозните давачки за 21 македонски земјоделски производ.