25 Април, 2024
0.0333

Димитров: Цел ден сме во консултации, по секој разговор со Беса одиме кај другите

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека преговорите со Беса бараат голем ангажман, затоа што потоа треба да се пеглаат односите и ставовите и со другите засегнати страни од планираното двотретинско мнозинство пред гласањето за затворање на уставните измени во Собранието.

- Нивниот фокус е словото. Ние сме мултиетничко општество и треба да внимаваме да не ги повредиме чувствата на другите граѓани кои не се етнички Македонци, а се наши сограѓани. Покрај македонскиот идентитет, ние треба да го заштитиме и идентитетот на заедниците кои не му припаѓаат на мнозинството - рече шефот на македонската дипломатија во студиото на 1ТВ.

Тов вели дека еден разговор со Беса повлекува цел круг на разговори со другите засегнати страни од двотретинското мнозинство и тоа,. според Димитров, е политичка умешност. Најинтензивни разговори се водат со БЕСА и двајцата пратеници на таа партија во Собранието и со лидерот Билал Касами повремено. 

-Цел ден сме во консултации, ова е здраво за нас на некој начин, за важни прашања разговараме, наоѓаме решенија тргнувајќи од државниот интерес, да ги покриеме главните грижи, да ги покриеме грижите на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Власи и сето тоа да биде во духот и рамките на Договорот од Преспа со што се става точка на едно подглавје каде бевме влечени назад и конечно да тргнеме напред како држава, вели Димитров.

Димитров додаде дека Германија сака да направи успешна европска приказна од Македонија и Преспанскиот договор во контект на пристигнувањето на канцеларката Ангела Меркел во официјална посета на Атина.

Шефот на дипломатијата истакна дека работите одат во добар правец и дека е очигледна добрата волја од сите страни.


Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот