Димитров: Длабоко сочувство до семејствата
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров преку својот Фејсбук профил испрати сочуство до семејствата на загинатите во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.
„Длабоко сочувство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово. Каква трагедија“, напиша Димитров
13 загинаа, а пет луѓе се борат за живот.