23 Април, 2024
0.0278

ДИМИТРОВ: Должност на нашата Влада е да бара доказ од Бугарија дека имаат добра волја

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Должност на нашата влада е да бара доказ дека и Бугарија има добра волја за отстапки, изјави за „Топ тема“ на Телма Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи до неодамна вицепремиер за европски прашања, потенцирајќи дека треба прво да се договори и да се спроведува сѐ, а не како сега кога Владата уште од втор ден прави отстапки без Бугарија да направи чекор.

„Нам, исто така, ни треба доказ дека другата страна има добра волја, можеби повеќе отколку ние. Ние имавме дури и подавање рака во Берлин со тогашната министерка Захариева каде на некој начин ги усогласивме работите во присуство на министерот Мас и министерот Михаил Рот. После тоа Бугарија ретерираше од тоа разбирање“, рече Димитров.

Потенцираше дека во таа смисла мисли дека нам ни е должност и ние од другата страна да бараме добра волја и посочи дека ќе беше добро Бугарија да го деблокираше договорот со Фронтекс.

„Позицијата беше ништо не спроведуваме додека не е договорено се. Ние денес втор ден од новата влада имаме спроведување на еден елемент, без бугарската страна да направи чекор“, истакна Димитров.

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи