Димитров го сретна холандскиот премиер на улица
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера во Хаг се сретнал со премиерот на Холандија Марк Руте, но средбата не била формална во владата туку на прометна улица во близина на холандската владина резиденција.
„Случајното вкрстување на патиштата со Марк Руте, премиер на Холандија е знак дека ние сме веројатно на вистинскиот пат“, напиша Диммитров на Твитер
Марк Руте е премиер на Холандија од 2010 година и е претседател на холандската
централно десничарска Народна партија за слобода и демократија.