29 Март, 2024
0.0422

Димитров: Му се извинив на Мас за честите посети на Берлин

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Хајко Мас, министерот за надворешни работи на Германија, денеска во Берлин одржа заедничка прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на која упати честитки, како што вели тој, до граѓаните на Северна Македонија за исполнетите услови да се отпочнат преговорите за членство во ЕУ.

„Сите услови се исполнети за почеток на преговори на ЕУ со Македонија. Промените се евидентни, а помеѓу Северна Македонија и Германија ќе продолжат да се градат мостови во иднина. Јасно е дека Северна Македонија припаѓа во Европа“, рече Мас пред јавноста.

Димитров е во Берлин, по посетата на Париз и Брисел, пред одлуката да се додели Датум за отпочнување на преговори со земјата во октомври, а македонскиот МНР наведе дека дури и му се извинил на Мас за честите посети на германската престолнина.

„Загубивме генерации поради политички проблеми и нерешавање на спорот со името со Грција. Направиве големи чекори  и во односите со Грција и со Бугарија, како и во градење на функционална либерална демократија, која е препознаена од Европската комисија. Вие ќе имате што да кажете за нас од 15 до 17 октомври. Ќе го направиме овој регион европски, а тоа е добро и за Германија. И во политичка и во европска смисла“, наведе Димитров.

Тој додаде дека Македонија и натаму со подеднаков интензитет ќе ја контролира јужната граница од нелегалната имиграција.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани