Димитров: Направивме една голема работа, граѓаните да изберат каква иднина сакаат
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2018
Maкедонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Дојче Веле по средбата со својот германски ресорен колега Хајко Мас, изјави дека задоволен заминува од Германија охрабрен од поддршката која ја добил како за договорот со Грција за името, така и за перспективите за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ.
Немаме луксуз да пропуштаме историски можности за напредок, рече Димитров.
„Направивме една голема работа, граѓаните да изберат каква иднина сакаат“ - вели Димитров.
Димитров е охрабрен и вели дека треба направат многу за да ги убедат оние кои до крај не се убедени. Toj смета дека оваа шанса мора да се искористи.