Димитров одговори дали ќе има мигранти на македонска територија
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018
Балканските земји кои не се дел од ЕУ, не може да се искористат за да се одвратат мигрантите, кажа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров во интервју за водечкиот германски дневен весник „Дие Велт“.
Вели дека информациите за создавање на дополнителни центри во нашиот регион се шпекулации.
„Ние никогаш не сме добиле формално барање. Не можете да побарате од балканските земји да сносат таков товар, ако не се дел од ЕУ. Мислам дека ќе бидеме многу цврсти по ова прашање. Ние ќе ја покажеме нашата целосна солидарност, но тогаш кога ќе станеме дел од ЕУ. Унијата не може да го користи Балканот за одвраќање на бегалците. Како што кажавме, ние сме транзитна земја. Оние кои ќе пристигнат кај нас, потоа продолжуваат кон земјите-членки на ЕУ“- вели Димитров.
Коментирајќи ја улогата на европските земји во затворањето на т.н. балканска рута, Димитров потврди дека во моментов ситуацијата со мигрантите на Балканот е поинаква.