23 Април, 2024
0.0274

Димитров по ратификацијата на договорот - Да не се поттикнува непријателство

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија побара да не се поттикнува непријателство, туку да се задржат пријателски односи со соседите. 

Димитров истакна дека Договорот ги покрива нашите најважни национални интереси, а ги содржи и бугарските интереси. Овој ден има убава симболика, на денешен ден Бугарија ја призна Република Македонија, изјави Министерот за надворешни работи, Никола Димитров пред гласањето за ратификација на договорот со Бугарија.

„Факт е дека ниту ние, ниту Бугарија не сме целосно среќни, но исто така факт е дека двете држави растат. Праќаме сигнал дека може да се однесуваме европски“, вели Димитров.

Според Димитров, договорот предвидува сестрани односи, развој на соработка за мир и стабилност во регионот, проширување на транспортните врски, активна соработка во културата, образованието и заеднички чествувања на историски настани и личности.

Димитров повика да не се поттикнуваат непријателски дејствија и рече дека е важно кон соседите да се однесуваме пријателски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа во Собранието при ратификување на договорот со Бугарија.

„Ќе беше убаво опозицијата да биде тука, во следниот период очекуваме кооперстивност од нивна страна“, рече Димитров.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП