29 Март, 2024
0.0247

Димитров: Промените во светот бараат да ја зајакнеме соработката

Објавено во: Балкан 04 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Ја делиме истата судбина со ЕУ, но се уште не сме на масата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на третиот квадрилатерален министерски состанок на Македонија, Грција, Албанија и Бугарија, кој се одржува денеска во Солун.

- Политички ние сме дел од ЕУ, географски веќе сме таму, ја делиме истата економска судбина во однос на трговијата и странските инвестиции. Ја делиме судбината на ЕУ, но не сме навистина на масата, рече Димитров на состанокот, на кој присуствуваа и шефовите на дипломатиите на Грција, Албанија и Бугарија.

Тој им се заблагодари на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и на бугарскиот премиер Бојко Борисов, поради тоа што како земја претседавач со Унијата успеале регонот го стават назад на политичката агенда на ЕУ, а 2018. да ја направат година на можности.

- На состанокот имаме две земји кандидатки и две земји членки. Верувам дека не може да станеме едно вистински среќно место доколку регионот не се движи во заедничка насока, рече Димитров и додаде дека сегашните случувања се позитивен момент за целиот регион.

Коѕијас, на отворањето на состанокот порача дека предизвиците во светски рамки го принудуваат регионот на ЈИЕ да ја зголеми интеграцијата.

- Промените што се случуваат во светот водат до заклучок дека мораме да ја интензивираме и продлабочиме соработката меѓу земјите од ЈИЕ, рече Коѕијас.

Тој напомена дека натамошното продлабочување и соработката е особено потребно поради две цели, „ПЈРМ“ и Албанија да станат дел од ЕУ и да се овозможи подготовка за нивната соработка во рамки на Унијата.

Изрази задоволство што оваа иницијатива, која ја покрена Грција пред околу две и пол години заживеала и станала традиција.

Предложи зајакнување на соработката во справување со прашањето за бегалците и граничната контрола, но и соработка на универзитетите и истражувачките центри, енергетиката и инфраструктурата.

На шефовите на дипломатиите на четирите земји ќе им се придружат и и министрите за транспорт и за внатрешни работи.

Теми на состанокот се прекуграничната соработка, европерспективите на Западен Балкан, влијанието на случувањата на Блискиот Исток врз регионот, можностите за развивање на сообраќајната инфраструктура. Ќе стане збор и за соработката меѓу полициите, борбата против прекуграничниот и организираниот криминал и справувањето со миграцијата.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска ќе имаат нова билатерална средба во рамките на министерскиот состанок.

Средбата е можност за продолжување на разговорите за решавање на долгогодишниот спор за името. По средбата предвидена е изјава на македонскиот министер за надворешни работи.

Димитров и Коѕијас повторно треба да се сретнат и следната недела на меѓународна конференција што ќе се одржи во местото Сунио, во близина на Атина.

Министерскиот состанок ќе заврши попладне со заедничка прес-конференција.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува