26 Април, 2024
0.0277

Димитров прв настапи во Софија и побара датум за преговори

Објавено во: Свет 16 Мај, 2018

Добивај вести на Viber


Димитров денеска учествуваше на еден од панелите во Софија, заедно со бугарскиот и хрватскиот премиер Бојко Борисов и Андреј Пленковиќ и неговата бугарска колешка Екатерина Захариева. Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Софија порача дека е можно „чудо“ во преговорите за името со Грција и побара од ЕУ датум за почеток на преговорите.

 „Ќе биде чудо доколку успееме да го решиме спорот за името со Грција, но чудата се можни. А денес на сите ни се потребни чуда.“ Ова е пораката на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во пресрет на утрешниот состанок меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас во Софија, на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

„Во последниве години гледавме во погрешни векови, но денес сме тука во 2018 година. Македонија загуби генерации чекајќи да мрдне на патот. Го гледаме возот на ЕУ како минува и сакаме да го фатиме", рече Димитров.

Според него, по позитивниот извештај од Европската комисија, Македонија со право очекува и добивање датум за почеток на преговори.

„Ќе биде трагедија доколку на Македонија не ѝ се дозволи да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ“, рече Димитров.

Тој порача дека Македонија заслужува признание затоа што се менува.

„Се менуваме. Го менуваме начинот на кој се води политиката, го менуваме системот, имаме поголема транспарентност.“ Промените за кои зборуваше Димитров ги раскажа преку анегдота.

„Меѓу министрите во владата има натпревар за тоа кој ќе потроши помалку. Пред две недели имавме на гости министер од една голема држава. Сите сакаа да се видат со него, но никој не сакаше да го носи на ручек", рече шефот на македонската дипломатија.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек