Димитров прв со реакција за Нотр Дам
Објавено во: Македонија 15 Април, 2019
Никола Димитров, министерот за надворешни работи, реагираше емотивно на пожарот на Богородичната црква, позната како Нотр Дам, во Париз, чија највисока купола целосно изгоре а службите се борат да ја сочуваат 850-години старата катедрала.
„Сета наша солидарност кон францускиот народ и сите католици. Поддршка за пожарникарите што се борат да го спасат ова светско наследство“, напиша Димитров на француски јазик на Твитер.