20 Април, 2024
0.0311

Димитров: Со Бугарија постигнавме компромис во кој двете страни се еднакво среќни

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Со Бугарија постигнавме компромис во кој двете страни се еднакво среќни и еднакво несреќни. Компромисот беше тежок за постигнување, изјави вечерва на ТВ 24 министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Никогаш од самостојноста на Македонија од 1991 година наваму не сме имале толку видлива инволвираност на Собранието и на опозицијата во една ваква работа. Уставните процедури велат дека има преговарачки тим, се преговара, се усогласува текстот и тој поминува низ влада, се потпишува и потоа станува договор и оди на ратификација во Собранието. И тука има многу време, и за јавноста и за опозицијата”- изјави Димитров. 

Тој додаде дека пред се станува збор за нацрт текст, а ќе стане договор кога ќе ги добие потписите на двете страни.

„Има овде едно големо лицемерие. Тој договор е преговаран и самиот текст и е добро познат на опозицијата бидејќи тие го преговарале 5-6 години. Ние го преговараме 50 дена или активно 30 дена. Потребата на тој договор е резултат на лошите односи што сме ги имале со Бугарија. Не сакам никого да обвинувам, но факт е дека поради влошените односи настанала потребата да има договор за пријателство“ - вели Димитров. 

Тој рече дека и во овој договор стои “македонски јазик” и дека овој договор не го загрозува националниот интерес на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам