20 Април, 2024
0.0255

Димковски: Со санирањето на браната Слатино ќе се намали ризикот од поплави

Објавено во: Агробизнис 18 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со евроамбасадорот Семјуел Жбогар, и постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, ја посетија браната Слатино, беше реконструирана во рамките на Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015. Оваа брана е од исклучително значење за општина Дебарца,за заштита од поплави и сега се изврши темелна санација на телото на браната како и на преливникот.

„Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини.Вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра, обезбедени од  Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015“, изјави министерот Димковски.

За да се обезбеди правилно функционирање на браната и за да се зголеми контролата на поплавите, софтверот за моделирање на оптимизација е развиен и предаден на операторот на браната, проследен со соодветна обука.

Евроамбасадорот Жбогар, истакна дека санирањето на браната Слатино е дел од кампањата “ ЕУ за вас” чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ на земјата.

„Оваа помош од ЕУ ги опфати приоритетните потреби и помогна во реконструкција на транспортната и водната инфраструктура во најзасегнатите области, во согласност со принципите на одржливост “да се изгради подобро”. Со оглед на големината на штетата направена на браната Слатино, со санирањето значително се намали потенцијалот за ризик од поплави и со тоа ќе се овозможи поддршка на системот за наводнување“, изјави евроамбасадорот Жбогар.

Инаку, со Програмата на УНДП  беа опфатени две компоненти, транспортна и водостопанска. Конкретно, изградени и санирани се мостови, свлечишта и локални патишта, додека со водостопанската компонента беше опфатена санација на пет брани, и тоа браните Мавровица во Свети Николе, Браната Липа, неготинско, Браната на Дренска река кај Демир Капија, Браната Слатино, општина Дебарца, и браната кај Прилеп, а беше извршена и дренажна мрежа и  реставрација на речните корита на сливот на Црна Река и Струмица, вклучувајќи отстранување на вегетацијата и отпадот на приоритетните делови и притоки.

Министерот Димковски посочи дека инвестициите во водостопанската инфраструктура преку изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување, се главен приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, не само од аспект на зголемување на наводнуваните површини, туку и за заштита на животната средина и жителите од поплави.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари