Димовски: Поддршка за пратениците пред Собранието додека дискутираат за минималната плата

Објавено во: Економија 05 Февруари, 2022 08:22
Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, најави дека работниците, како што вели тој, ќе штрајкуваат пред Собранието, додека истовремено пратениците ќе ја одржуваат пленарната седница за законскиот предлог за зголемување на минималната плата од 18.000 денари и секогаш минималецот да е најмалку 60 отсто од просечната плата.
- ССМ веќе е во штрајк по ова што денеска не го добивме. Ние сме одлучни во нашите барања и нема назад за нас. Ние сме под нивото на егзистенција како работници. На 10 февруари во 11 часот ги повикувам сите работници пред Собранието, но не да ги критикуваме и навредуваме пратениците, туку да им дадеме поддршка сите заедно - 120 души да кренат рака „за“ минимална плата, рече Димовски синоќа во „Топ Тема“.
Според предлогот на работодавачите, минималната плата би изнесувала 16 164 денари, на што ССМ и останатите синдикати кои присуствуваа на советот, јасно и гласно кажаа “не”.
- Еден од нашите главни аргументи е дека минималната синдикална потрошувачка кошница во моментов изнесува 35 040 денари. Знаејќи дека две минимални плати од 16 164 денари не можат да ја покријат таа минимална потрошувачка кошничка , со која работникот би можел не да го живее тековниот месец , туку да го преживее ни фалат 2 070 денари, изјави првиот синдикалец.
Разговорите помеѓу владата, работниците и работодавачите, според најавите, треба да продолжат следната недела. Во понеделник на седница на Економскиот совет на Владата ќе биде разгледано се за што е разговарано досега, како и најновиот предлог на Бизнис конфедерацијата изнесен на вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет да се субвенционира дел од зголемувањето на минималната плата.
Од вчерашниот состанок на Економско-социјалниот совет синдикалците излегоа незадоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на страната на работниците. Владата останува на ставот дека се најде одржливо решение до кое ќе се дојде само преку консензус меѓу сите социјални партнери.
Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
