ДИПЛОМАТСКА ВОЈНА: Грција протерува руски аташеа кои сакале да го урнат договорот со Македонија
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2018
Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности затоа што имало индиции дека тие сакале преку свои контакти да го „урнат“ реализирањето на договорот од Преспа со Македонија, објави денеска грчкиот весник Катимерини.
Засега нема официјaлeн коментар од грчките власти, како и од руската амбасада во Атина. Според Катимерини, Атина го презела овој потег откако почувствувала обиди на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.
Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека ќе реагира на протерувањето на двајца руски дипломати од Грција, објави руската новинска агенција Интерфакс. Грција ќе протера двајца руски дипломати и ќе забрани влез на уште двајца за активности што не се во согласност со нивниот статус, објави претходно денеска грчкиот весник Катимерини. Според весникот, Атина го презела овој потег откако ги почувствувала обидите на руските дипломати да го поткопаат Договорот со Македонија, за спорот околу името.