20 Април, 2024
0.0279

Директор добил решение да врати 128 „шефови“ на старо место

Објавено во: Економија 14 Март, 2019

Добивај вести на Viber


Објавениот извештај од Заводот за ревизија за работењето на Агенцијата за катастар на недвижности утврдил дека вонреден надзор на Државниот управен инспекторат констатирал назаконски унапредувања на 128 административни работници во 2016-та од стариот раководител.  За ова, новиот директор на Катастарот, кој вработува околу 1.000 службеници, по две години добил решение од инспекторатот дека треба унапредените шефови да ги врати на старите позиции, односно да го ревидира нивното распоредување и плата.

Тогашното одговорно лице на Агенцијата за катастар не ја спровело законски постапката во низа пропусти, меѓу кои тоа што не бил објавен интерен оглас, не постоеле докази за потреба од нивно унапредување, не била формирана комисија за селекција на унапредувањата, нема записник за спроведени интервјуа и друго.

Според тоа во записникот е констатирано дека не се почитувало начелото на еднакви услови, еднаков пристап до работното место, соодветна и правична застапеност и без да се обезбеди соодветна, фер и транспарентна постапка на селекција.

До 3 август во текот на 2017-та директор на Агенцијата беше Славче Трпески, а потоа назначен е Борис Тунџев.

Од другите забелешки во ревизијата, констатирано е дека референтите сами одлучувале како ќе постапат со предметот и какво решение ќе донесат за што отсуствувале механизми на контрола од страна на раководството во делот на буџетот од Катастарот на недвижности кој се самофинансира, односно во наплатата кај граѓаните и правните лица, се вели во извештајот на Заводот за ревизија што го објави по констатираното од крајот на 2018-та.

Заводот за ревизија му препорачува на раководството поголема контрола на интерните процедури кога се решава по некој предмет, бидејќи во спротивно граѓаните се препуштени на самоволие од службениците.

Од издавање на имотни листи, потврди и други услуги Катастарот обезбедил во својот буџет 338 милиони денари во 2017-та. Истовремено забележано е дека оваа агенција е тужена во износ за повеќе од неверојатни 6,5 милиони евра од страна на граѓани и правни лица што исходот може да доведе до импликации над расходите.

Критикувана е напатата за услугите на електронскиот шалтер, за кој се вели дека во ниту еден од предметите нема доказ дека раководителот извршил контрола.

Од Агенцијата на ревизорот му одговараат дека од преку еден милион барања и пријави на странките, само околу илјада останале нерешени на крајот од 2018-та и поголемиот дел од нив се примени пред завршувањето на годината.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?