Директор на ЈСК Нискоградба од Битола направил штета од 15 милиони денари
Објавено во: Финансии 15 Мај, 2018
Секторот за внатрешни работи Битола – Одделение за криминалистичка полиција до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против лицата К.К (55), М.М. (59) , В.П. (58) и С.Х. (55) сите од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “Злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 ст.3 и 5 и “Несовесно работење во службата“ по чл.353 в од КЗ на РМ.
Првопријавениот во својство на службено лице-директор на ЈКП Нискоградба- Битола ги пречекорил своите службени овластувања на начин што во периодот од 2013 до 2017 година во повеќе постапки за јавни набавки превзел дејствија спротивни на одредбите од Законот за јавни набавки, со што му нанел штета на ЈКП Нискоградба Битола.
Првопријавениот во својство на службено лице – директор на ЈКП Нискоградба од Битола со злоупотреба на службената положба и овластување, а второ, трето и четвртопријавениот со своето несовесно работење во службата ,во периодот од 2013 год. до 2017 година му нанеле штета на ЈКП Нискоградба од Битола во вкупен износ од 15.052.731 денари.