Директорот на Топлификација: Скандал во кој се вмешани државни инстанци
Објавено во: Економија 21 Септември, 2018
Директорот на Топлификација, Димитар Хаџимишев, денеска остро реагираше дека постапката со која ТЕ - ТО доби судски стечај е скандалозна и обвинува дека ова е скандалозно и тврди дека се вплеткани повеќе страни, меќу кои и државни инстанци..
Ваквата реакција на првиот човек на Топлификација следуваше откако стана јасно дека со реорганизацијата на ТЕ - ТО, неговото претпријатие, како и многу други доверители, ќе загуби 30 милиони евра.