Дивеење во спортска сала, нападнати играчи на Пелистер
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018
На кошаркарскиот натпревар меѓу Шкупи и Пелистер во Чаир се случил голем инцидент откако домашните навивачи ги нападнале играчите на гостинската екипа од Битола, а повредени се и полицајци.
Според официјални информации на МВР вчера во спортската сала „Шабан Трстена“ од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“.
Тие потоа возвратиле со фрлено пластично шише со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер“.
Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите.
При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници.
Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и за расчистување на случајот, велат од МВР